ЧЛЕНОВИТЕ НА АНТИКОРУПЦИСКА ДА СИ ПОДНЕСАТ ОСТАВКА ВЕДНАШ, ПОБАРА РЕМЕНСКИ ВО ИМЕ НА ПАРЛАМЕНТАРНОТО МНОЗИНСТВО

    ЧЛЕНОВИТЕ НА АНТИКОРУПЦИСКА ДА СИ ПОДНЕСАТ ОСТАВКА ВЕДНАШ, ПОБАРА РЕМЕНСКИ ВО ИМЕ НА ПАРЛАМЕНТАРНОТО МНОЗИНСТВОПотпретседателката на Собранието Фросина Ременски на денешната прес-конференција за Антикорупциската комисија. (Фото: СДК.МК)

    Парламентарното мнозинство побара од членовите на Антикорупциската комисија веднаш да си поднесат оставка поради злоупотребите, откриени при ревизијата на Управата за јавни приходи до која дојде САКАМДАКАЖАМ.МК.

    „Ако Антикорупциска не поднесе оставка, бидејќи не заслужуваат да останат понатаму ниту еден ден, тогаш парламентарното мнозинство ќе покрене постапка за разрешување на комисијата“, рече Фросина Ременски, потпретседател на Собранието од СДСМ на прес-конференција во Собранието.

    Барањето за оставка доаѓа по ревизијата на Управата за јавни приходи, која откри дека членовите на Комисијата ненаменски трошеле буџетски средства.

    Ревизијата до која дојде САКАМДАКАЖАМ.МК се однесува на составот на Комисијата со претседателот Игор Тантуровски и членовите Фарие Алиу, Горан Миленков, Жаклина Дамческа, Најдо Спасевски, Сузана Таскова Аџикотарева и Сејди Халили, кои се на оваа функција во ДКСК од април 2015.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира