Д-Р МАРЈАН ШОКАРОВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА КЛИНИКАТА ЗА КАРДИОХИРУРГИЈА

    Д-Р МАРЈАН ШОКАРОВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА КЛИНИКАТА ЗА КАРДИОХИРУРГИЈАД-р Шокаровски беше во тимот на досега извршените трансплантации на срце во нашата држава, вклучен и во иновативните хируршки интервенции на срце со минимален инвазивен пристап. (Фото: Фејсбук)

    Доктор Марјан Шокаровски е нов директор на Клиниката за кардиохирургија е назначен д-р Марјан Шокаровски, соопшти Министеството за здравство. За нов организациски директор на Клиниката за државна кардиохирургија е назначен Исак Јакупи.

    Шокаровски доаѓа на местото на д-р Сашко Јовев, кој на 5 јуни беше разрешен од министерот за здравство Фатмир Меџити, поради, како што кажа, утврдени нерегуларности во работата на Клиниката.

    „Д-р Шокаровски е супспецијалист по кардиохирургија, завршена во Универзитетски клинички болнички центар- Загреб, Хрватска со повеќегодишно хируршко и академско искуство во оваа област, раководител е на оперативниот блок, ангажиран е и како асистент на Медицински факултет-Скопје.
    Тој е дел од тимот на досега извршените трансплантации на срце во нашата држава, вклучен и во иновативните хируршки интервенции на срце со минимален инвазивен пристап. Исто така се едуцирал во повеќе земји, како Германија, Австрија, Англија, Франција, Бугарија, Србија и присустувал на голем број меѓународни конгреси“, велат од Министерството.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира