Д-Р ОЛИВЕР ЗАФИРОВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА КЛИНИКАТА ЗА ПУЛМОЛОГИЈА

    Д-Р ОЛИВЕР ЗАФИРОВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА КЛИНИКАТА ЗА ПУЛМОЛОГИЈАД-р Зафировски над 30 години работеше на Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“. (Фото: Фејсбук)

    Доктор Оливер Зафировски е нов директор на Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје, објави тој на својот фејсбук профил. Д-р Зафировски доаѓа на местото на досегашниот директор, д-р Дејан Докиќ.

    Д-р Зафировски над 30 години работеше на Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“.

    „Како директор на новото работно место, ќе се залагам за поквалитетни здравствени услуги и третмант на пациентите на високо стручно ниво. Верувам дека конечно ќе ја вратиме довербата во нашиот здравствен систем каде што граѓаните ќе се се лекуваат по светски стандарди“, вели д-р Зафировски.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира