Д-Р СИНИША СТОЈАНОСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ ВО СКОПЈЕ

    Д-Р СИНИША СТОЈАНОСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ ВО СКОПЈЕД-р Стојаноски е доцент на Институтот за патолошка физиологија и нуклеарна медицина. (Фото: Фејсбук)

    Доктор Синиша Стојаноски е нов директор на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје, соопшти Министерството за здравство. Д-р Стојаноски е доцент на Институтот за патолошка физиологија и нуклеарна медицина, а доаѓа на местото на д-р Христијан Костов, кој беше директор речиси седум години.

    Оттаму додаваат дека министерот за здравство Арбен Таравари именувал уште неколку медицински директори на јавни здравстени установи: проф. д-р Огнен Костовски за директор на Клиниката за дигестивна хирургија, д-р Реџеп Мемеди за директор на Клиниката за детски болести и д-р Оливер Зафировски за Клиниката за пулмологија и алергологија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира