Д-Р ВЛАДИМИР АНДРЕЕВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА КЛИНИКАТА ЗА ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА, Д-Р ПАНЧЕ КАРАЃОЗОВ НА ДИГЕСТИВНА ХИРУРГИЈА И Д-Р БЛАГОЈА СРБОВ НА ПЛАСТИЧНА ХИРУРГИЈА

    Д-Р ВЛАДИМИР АНДРЕЕВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА КЛИНИКАТА ЗА ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА, Д-Р ПАНЧЕ КАРАЃОЗОВ НА ДИГЕСТИВНА ХИРУРГИЈА И Д-Р БЛАГОЈА СРБОВ НА ПЛАСТИЧНА ХИРУРГИЈАКлековски со новите директори: д-р Андреевски, д-р Караѓозов и д-р Србов. (Фото: Министерство за здравство)

    Министерот за здравство Сашо Клековски назначи нови директори на три клиники: на Клиниката за гастроентерохепатологија, Клиниката за дигестивна хирургија и на Клиниката за за пластична и реконструктивна хирургија.

    Министерството за здравство соопшти дека за директор на Гастроентерохепатологија е именуван вонр. проф. д-р Владимир Андреевски, специјалист интернист и супспецијалист гастроентерохепатолог, раководител на одделот за ендоскопија при Клиниката и генерален секретар на Македонското здружение за гастроентерохепатологија. Автор е на над 120 рецензирани труда во домашни и меѓународни списанија, со експертиза во интервентната ендоскопија и ЕРЦП. Тој доаѓа на местото на проф. д-р Мери Трајковска.

    За директор на Клиниката за дигестивна хирургија е именуван асс. д-р Панче Караѓозов, специјалист по дигестивна хирургија, со стручно усовршување по лапароскопска хирургија во Виена и Истанбул и активно учество на меѓународни конгреси од областа на колопроктологијата и хепатобилијарната хирургија. Досегашен директор беше проф. д-р Огнен Костовски.

    Асс. д-р Благоја Србов, специјалист по пластична и реконструктивна хирургија е нов директор на Клиниката за за пластична и реконструктивна хирургија, на местото на  прим. д-р Јасмина Ѓорѓиевска-Павловска. Д-р Србов е асистент на Катедрата по хирургија при Медицинскиот факултет во Скопје и еден од основачите на Македонската асоцијација за реконструктивна микрохирургија (МАРМ).

    „Министерот Клековски им честиташе на именуваните и им посака успешна работа, нагласувајќи ја очекуваната одговорност во водењето на трите клиники — стабилно и предвидливо работење, воведување нови методи и постапки, скратување на листите на чекање и зголемена доверба на пациентите. Претходно денес министерот Клековски ги прими и досегашните директорки проф. д-р Трајковска и прим. д-р Ѓорѓиевска-Павловска, на кои лично им се заблагодари за соработката и за постигнувањата во водењето на клиниките. Благодарност упати и до досегашниот директор на Клиниката за дигестивна хирургија, проф. д-р Костовски и прим. д-р Ѓорѓиевска-Павловска со своите тимови беа на првата линија во справувањето со последиците од трагедијата во Кочани, а под раководство на проф. д-р Трајковска на Клиниката за гастроентерохепатологија беа воведени четири нови методи на лекување“, соопшти Министерството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира