ДА СЕ УКИНАТ ВОЗАЧОТ, ПЕРСОНАЛОТ И КАБИНЕТОТ ЗА ПОРАНЕШНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА РМ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДА СЕ УКИНАТ ВОЗАЧОТ, ПЕРСОНАЛОТ И КАБИНЕТОТ ЗА ПОРАНЕШНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА РМ

    Привилегиите на претседателот на Македонија по напуштањето на функцијата да се укинат, да му се остави само платата доживотна и канцеларија без персоналот што сега му следува, канцеларијата да му биде во Собранието на РМ, а да нема посебен кабинет по негов избор и обезбедување да има само во исклучителни ситуации, ако се појави ризик, предлага лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов. Тој смета дека и возачот треба да му се укине, да му се одобрува само при протоколарни активности.
    “Вакви привилегии нема ниту поранешниот претседател на САД, каде е претседателски систем. Замислете Ѓорге Иванов, кој нема кредибилитет и меѓународен углед, доживотно да ги користи сите овие привилегии што му ги дава сегашниот закон. Тука ќе го споменам и поранешниот претседател Бранко Црвенковски кој сега ги ужива овие привилегии, а никаде го нема, ништо не работи“, вели Трајанов.
    Но тој иницира и уставни измени во делот на одговорноста на претседателот на РМ и во начинот на изборот.
    “Не може претседателот на Македонија за ништо да не одговара. Мора да се воведе кривична одговорност за злоупотреба на функцијата, како што е актуелниот случај со аболицијата на Иванов. Праксата покажа дека претходните претседатели Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и сегашниот Иванов, ја злоупотребија Уставната можност за аболиција, без какви било последици и одговорност. Мора да се направи уставна измена и да се ограничи можноста за неограничено помилување од претседателот“, упатува Трајанов. Бидејќи следат реформи, вели, овие уставни измени може да се направат веднаш по изборите, зашто тогаш ќе се создадат услови.
    Во пакет со уставните измени за редукцијата на овластувањата на претседателот на државата, смета тој, треба да се смени и начинот на избор, па место на општи избори, него да го бира Парламентот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари