ДАЛЕКУ ЌЕ СТИГНЕМЕ ВАКА ЕНГЛЕСКИ, РЕАГИРАШЕ ЏАФЕРИ ОТКАКО СЕ СКАРАА ДВАЈЦА ПРАТЕНИЦИ ОД ПЕТРОВЕЦ

    ДАЛЕКУ ЌЕ СТИГНЕМЕ ВАКА ЕНГЛЕСКИ, РЕАГИРАШЕ ЏАФЕРИ ОТКАКО СЕ СКАРАА ДВАЈЦА ПРАТЕНИЦИ ОД ПЕТРОВЕЦРасправата за предложената влада од мандатарот Зоран Заев треба да трае најдоцна до полноќ, по што следува гласање. - Спикерот Талат Џфаери (Фото: Фејсбук)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери се пријави за збор процедурално, откако пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска го нарече „предавник“ пратеникот од мнозинството Зеќир Рамчиловиќ. Двајцатa се сограѓани од скопската општина Петровец и си разменија неколку реплики и контрареплики пред да реагира Џафери.

    „Редно е некој да реагира процедурално, еве јас ќе реагирам. Далеку ќе одиме вака енглески. Како поискусен, можеби по мандати, мислам дека со време ќе ви помине и оваа фаза на вокабулар. Затоа очекував некој да укаже, но не треба бидејќи јас ќе реагирам процедурално“, кажа Џафери.

    Одговарајќи на дофрлувања дека народот ја знае вистината, спикерот рече: „Вистината си ја знае народот. Упорно ви ја укажува, ама очигледно не го разбирате и затоа така ќе продолжиме“.

    Коментарот на Џафери за „енглески“ начин на собраниска расправа доаѓа откако претходно на расправата за избор на нова влада, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев удираше по говорницата, за што беше опоменат од Џафери, а потоа пратеникот на Левица Димитар Апасиев рече дека такво однесување има и во британскиот парламент.

    Расправата за предложената влада од мандатарот Зоран Заев треба да трае најдоцна до полноќ, по што следува гласање.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира