ДЕФИЛЕ НА АРМИЈА, ПОЛИЦИЈА, МЕДИЦИНСКИ РАБОТНИЦИ И РУДАРИ НА ПРОСЛАВАТА ЗА 30 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ

    ДЕФИЛЕ НА АРМИЈА, ПОЛИЦИЈА, МЕДИЦИНСКИ РАБОТНИЦИ И РУДАРИ НА ПРОСЛАВАТА ЗА 30 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТНа дефилето по улицата Димитрие Чуповски поминаа сите единици на Армијата и полицијата со опрема, возила и хеликоптери, националните ансамбли изведоа куса програма, а потоа настапи Влатко Стефановски. (Фото: СДК.МК)

    Со дефиле на националните ансамбли, полицијата, Армијата, медицинските работници, рудари, пожарникари и земјоделци попладнево пред Собранието се прославува 30-годишнината од независноста на државата.

    Прославата почна со изведба на делото „Симфонија за филхармонија“ од композиторот Живоин Глишиќ, специјално компонирана за јубилејот.

    На дефилето по улицата Димитрие Чуповски поминаа сите единици на Армијата и полицијата со опрема, возила и хеликоптери, националните ансамбли изведоа куса програма, а потоа настапи Влатко Стефановски.

    Говори ќе имаат претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери по што ќе следи музичка програма.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира