ДЕМОНСТРАНТИТЕ ТРГНАА КОН СОБРАНИЕТО

    ДЕМОНСТРАНТИТЕ ТРГНАА КОН СОБРАНИЕТО

    Граѓаните што протестираат против одлуката на Иванов за аболиција на политичари и против изборите закажани за 5 јуни тргнаа кон Собранието.

    Полициски сили го чуваат  седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, како и зградата на Министерството за правда и Канцеларијата на претседателот.

    Протести се закажани и во Битола и Струмица.

    Во Битола организаторите на протестите со слоганот „Битола нема да те помилува“  бараат оставка од градоначалникот Владимир Талевски, откако Специјалното јавно обвинителство отвори истрага против него. Тие ќе тргнат од плоштадот Магнолија и ќе се движат кон зградата на општината.

    Денеска за прв пат по аболицијата што ја потпиша Иванов ќе се протестира и во Струмица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари