ДЕНЕС ПОЧНУВА ВАКЦИНАЦИЈАТА ЗА РОТАВИРУС И ПНЕВМОКОК, ДО СЕГА 30.000 ВАКЦИНИРАНИ ЗА МАЛИ СИПАНИЦИ

    ДЕНЕС ПОЧНУВА ВАКЦИНАЦИЈАТА ЗА РОТАВИРУС И ПНЕВМОКОК, ДО СЕГА 30.000 ВАКЦИНИРАНИ ЗА МАЛИ СИПАНИЦИПедијатрите порачуваат родителите да ги вакцинираат децата, оти вакцините штитат од тешки и исцрпувачки инфекции (Фото: УНИЦЕФ)

    Од денес почнува вакцинацијата со новите вакцини за ротавирус и пневмокок, која Министерството за здравство ја воведе во редовниот календар за имунизација.

    Од Комитетот за имунизација при Министерството за здравство велат дека вакцините се веќе дистрибуирани во вакциналните пунктови и родителите може да почнат да ги носат децата на вакцинација. Овие вакцини ќе ги примаат бебињата и малите деца.

    Од почетокот на јануари годинава кога беше прогласена епидемија на мали сипаници, односно за половина година, вакцинатаМРП (морбили, рубеола, паротит) ја примиле над 30.000 лица, а заболеле 1.833 лица. Лекарите велат дека скоро половина од заболените биле хоспитализирани, и епидемијата стивнува. Од компликации од болеста четири деца починаа.

    Од Комитетот за имунизација велат дека според последните податоци опфатот на вакцинација и со МРП веќе е над 95 отсто колку што е потребно за да има колективен имунитет, а исто така зголемен е и опфатот на останатите вакцини.

    Педијатрите минатата недела од тридневниот конгрес што се оддржа во Струмица, порачаа лекарите преку комуникациски вештини да ја вратат довербата кај родителите за значењето на редовната вакцинација.

    „Со вакцините за ротавирус и пневмокок драстично се намалуваат гастроентероколитот кај бебиња и мали деца и инвазивните пневмококни болести, кои се тешки и бараат хоспитализација“, рекоа од Педијатриското здружение.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари