ДЕНЕСКА СЕ ОДБЕЛЕЖУВА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА СЕЌАВАЊЕТО НА ЖРТВИТЕ ОД ХОЛОКАУСТОТ, ПРЕД 80 ГОДИНИ ФАШИСТИЧКИОТ ОКУПАТОР ИСПРАТИ 7.144 МАКЕДОНСКИ ЕВРЕИ ВО ЛОГОРОТ НА СМРТТА ТРЕБЛИНКА

    ДЕНЕСКА СЕ ОДБЕЛЕЖУВА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА СЕЌАВАЊЕТО НА ЖРТВИТЕ ОД ХОЛОКАУСТОТ, ПРЕД 80 ГОДИНИ ФАШИСТИЧКИОТ ОКУПАТОР ИСПРАТИ 7.144 МАКЕДОНСКИ ЕВРЕИ ВО ЛОГОРОТ НА СМРТТА ТРЕБЛИНКАПоранешниот бугарски премиер Бојко Борисов на 12 март 2018 положи цвеќе во дворот на Тутускиот комбинат во Скопје, од каде што во 1943 година беа депортирани македонските Евреи во концентрациониот логор Треблинка.. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Секоја година на 27 јануари се одбележува Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите од холокаустот, во чест на шесте милиони Евреи убиени од германските нацисти и нивните сојузници во Втората светска војна. 27 јануари е избран бидејќи е денот кога во 1945 година Црвената армија го ослободи концентрациониот камп Аушвиц-Биркенау.

    Меѓу жртвите на Холокаустот се и 7.144 македонски Евреи кои во март 1943 година беа депортирани во логорот на смртта Треблинка, по наредба на бугарскиот цар Борис Трети.

    „Царот соопшти дека досега дал согласност за депортација на Евреите од Македонија и Тракија“, се вели во телеграма на тогашниот германски министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    По царот Борис Трети е именуван бугарскиот културен клуб во Охрид.

    Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите од холокаустот денеска беше одбележан и во Министерството за надворешни работи во Скопје.

    „Северна Македонија, горда на своето мултиетничко и мултикултурно општество, каде што секој граѓанин се чувствува свој на своето, независно од неговото име, потекло, јазик или вера, го чува и ќе го чува споменот на Холокаустот, на 6те милиони убиени Евреи, меѓу кои и 7.144 наши сограѓани, кои посебно ќе ги споменеме повторно и на 11 март, на 80-годишнината од нивната депортација во Треблинка”, кажа министерот Бујар Османи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира