ДЕЦАТА СО ДИЈАБЕТЕС НЕ ГИ ПРИМААТ ВО ГРАДИНКА ОТИ ПЕРСОНАЛОТ СЕ ПЛАШИ ДА ГИ БОЦКА

    ДЕЦАТА СО ДИЈАБЕТЕС НЕ ГИ ПРИМААТ ВО ГРАДИНКА ОТИ ПЕРСОНАЛОТ СЕ ПЛАШИ ДА ГИ БОЦКАСоедукацијаинавработенитевоинституциитеинапоширокатајавност,лицатасодијабетесможесосемнормалнодафункционираатвоопштеството.-ЦентаротзадијабетеснаКлиничкицентар(архивскафотографија)

    Децата со дијабетес често се социјално исклучени, бидејќи во средината во која живеат многу ретко се прифатени од институциите и од соседите. Родителите на деца со дијабетес велат дека иако на хартија имаат право да ги запишат своите деца во претшколски установи, ретко која градинка ги прифаќа. Тие објаснуваат дека луѓето се уште се плашат од дијабетесот, и тој се уште е табу.

    „Мојот син сега има пет години, а дијабетесот му беше дијагностициран на една година. Лани го запишав во градинка, но детето не одеше ниту еден ден, бидејќи персоналот не се нафати да му помогне околу мерење на гликемијата и давање на инсулински инјекции. Иако барањето беше во градинка да биде три до четири часа, сепак персоналот не се нафати, бидејќи кај помалите дечиња треба почесто да се мери шеќерот и ако има потреба веднаш да се даде инсулин. Едноставно луѓето се плашат од дијабетесот“, вели Наташа Димитриевска, родител на дете со дијабетес.

    Таа објаснува дека разбира зошто се плашат луѓето од дијабетесот, бидејќи оваа состојба не е едноставна и луѓето со дијабетес мора да бидат дисциплинирани и при мерење на гликемијата во крвта и при исхраната и при внесување на инсулин. Ако дел од оваа нивна секојдневна рутина затаи, тие можат да добијат акутно нагло зголемување или намалување на шеќерот во крвта, кое пак може да има тешки последици по нивното здравје. Сепак, додава дека со едукација и на вработените во институциите и на пошироката јавност, лицата со дијабетес може сосем нормално да функционираат во општеството.

    „Комуницирам со мајки кои имаат деца со дијабетес и скоро сите од нив буквално седат со своите деца во прво и второ одделение, бидејќи нема кој да им помогне околу мерењето на шеќерот и боцкањето. На пример моето дете знае само да се боцне и да земе крв и да го прочита резултатот. Но, со оглед на возраста нему тој резултат не му значи ништо, односно не знае дали треба или не да се боцне со инсулин“, вели Димитриевска.

    Во земјава има околу 180.000 пациенти со дијабетес, од кои 39.500 се на терапија со инсулин. Од нив околу 3.500 се пациенти со дијабетес тип 1. Дијабетесот кога се јавува во детска возраст најчесто е дијабетес тип 1, за кој единствена терапија се инсулинските инјекции. Во земјава има околу 500 деца кои се зависни од инсулин, а секоја година расте и бројот на ново откриени случаи. Така во 2013 година новодијагностицирани со дијабетес се 24 деца, во 2014 година 32, а во 2015 година дијабетес е откриен кај 38 деца.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира