ЏАФЕРИ ГО ОТВОРИ СОБРАНИЕТО ЗА ГРАЃАНИТЕ

    ЏАФЕРИ ГО ОТВОРИ СОБРАНИЕТО ЗА ГРАЃАНИТЕГраѓаните ќе може да ги следат седниците од новинарската галерија во ограничен број. - Поглед на пленарната сала од новинарската галерија (Фото: СДК.МК)

    Од денеска Собранието е отворено и за граѓаните, соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери. Граѓаните во ограничен број ќе може да ги следат седниците од новинарската галерија.

    Седницата во моментов е прекината со пауза од еден час, откако Џафери праша дали има некој забелешка за предложениот дневен ред, на кој 10. точка е избор на замениците министри, а за збор се пријавија сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

    Пратеникот Илија Димовски самиот побара пауза за дополнителни консултации со колегите од ВМРО-ДПМНЕ.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира