ЏАФЕРИ ЈА ПРЕКИНА СЕДНИЦАТА ОТИ ЃОРЧЕВ НЕ САКАШЕ ДА ЈА НАПУШТИ ГОВОРНИЦАТА

    ЏАФЕРИ ЈА ПРЕКИНА СЕДНИЦАТА ОТИ ЃОРЧЕВ НЕ САКАШЕ ДА ЈА НАПУШТИ ГОВОРНИЦАТАНеколку пратеници на ВМРО-ДПМНЕ го опколија својот сопартиец и не му дозволија на обезбедувањето да го отстрани од говорницата. (Фото: принтскрин)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и даде пауза откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев не сакаше да ја напушти говорницата, иако му беа исклучени микрофоните и беше повикано собраниското обезбедување.

    Ѓорчев му пријде на Џафери и побара да се обрати процедурално, на што спикерот му кажа дека е пријавен за реплика и не му даде збор. Ѓорчев не го послуша Џафери и почна да зборува, по што Џафери му ги исклучи микрофоните и го повика обезбедувањето да го отстрани Ѓорчев од говорницата, по што неколку пратеници, исто така, излегоа на говорницата и го опколија нивниот колега.

    Со исклучени микрофони, Ѓорчев побара закажување вонредна седница на Собранието за состојбата со депонијата во Струга.

    Седницата продолжи по 20-тина минути.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира