НЕМА ДА СЕ ПОТПИШУВАМ ВО ИМЕ НА ИВАНОВ, КАЖА ЏАФЕРИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ

    НЕМА ДА СЕ ПОТПИШУВАМ ВО ИМЕ НА ИВАНОВ, КАЖА ЏАФЕРИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕПретседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери нема да го потпише Законот за употреба на јазиците.

    „Јас нема да се впуштам во тоа да се потпишувам во име на друг“, рече Џафери на денешниот брифинг со новинарите.

    Џафери кажа дека се во игра повеќе решенија за да се овозможи законот да се објави во Службен весник и да влезе во сила.

    „Сè уште разговараме за излезните решенија, не е завршена целосно анализата за да се објави како ќе се постапи“, вели Џафери.

    Претседателот на Собранието Џафери побарал средба со претседателот Ѓорге Иванов за надминување на проблемот по неговото непотпишување на законот.

    „Побарав средба со Иванов, но не добив одговор. Изгледа бил зафатен. Потоа јас заминав на пат“, кажа Џафери.

    На 14 март, кога по вторпат беше изгласан Законот за употреба на јазиците во Собранието со 64 гласа „за“, Иванов соопшти дека нема да го потпише указот за прогласување на законот, иако во член 75 од Уставот на Република Македонија пишува дека „претседателот на Републиката е должен да го потпише указот“ ако Собранието повторно го разгледува законот откако претседателот ќе одбие да го потпише и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира