ЏАФЕРИ ПОКАЖА НА МИЦЕВСКИ ДЕКА ИМА КОПЧЕ ЗА ИСКЛУЧУВАЊЕ АКО НЕКОЈ ПРАТЕНИК ГО ПРЕЧЕКОРИ ВРЕМЕТО ЗА ДИСКУСИЈА, ТОЈ СЕ НАВРЕДИ

    ЏАФЕРИ ПОКАЖА НА МИЦЕВСКИ ДЕКА ИМА КОПЧЕ ЗА ИСКЛУЧУВАЊЕ АКО НЕКОЈ ПРАТЕНИК ГО ПРЕЧЕКОРИ ВРЕМЕТО ЗА ДИСКУСИЈА, ТОЈ СЕ НАВРЕДИПретходно, Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски излезе на говорница и го праша спикерот Талат Џафери зошто не го ставил на дневен ред и нивниот предлог што го поднесоа вчера заедно со Алијанса и Алтернатива и Левица. (Фото: Собраниски канал/ принтскрин)

    Само што излезе на говорница за процедурална забелешка, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски неколку секунди остана без глас во пленарната сала.

    „Вклучен сум? Сега, вклучен сум?”, го прашуваше тој претседателот на Собранието Талат Џафери.

    „Сега ќе ве вклучам. Ве исклучив за да ви покажам на сите дека сега имам можност да ве исклучувам ако ја пречекорите минутажата за дискусија”, се насмеа Џафери, ама ги предупреди со тоа сите пратеници.

    Џафери додаде: „Не ве замолчувам, само сакав да ви кажам дека отсега натаму ја имам оваа опција”.

    Но, оваа шега го навреди Мицевски.

    „Јас мислам дека не ви е најсоодветен примерот на координатор на опозиционата пратеничка група во Собранието да му го исклучувате микрофонот!”, го искара тој Џафери.

    Потоа зборуваше околу предлогот на колешката Ане Лашкоска ребалансот да,се стави на оваа, а не на седницата на 29.10, за да се стаса со четвртиот пакет мерки за стопанството.

    „Вам ви зборам. Слушајте ме. Додека сум уклучен барем”, му се обрати повторно Мицевски на Џафери.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира