СО 60 ГЛАСА „ЗА” ВО СОБРАНИЕТО ИЗГЛАСАНА ПОТРЕБАТА ОД ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА ОД ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ, ДОПРВА ЌЕ СЕ РАСПРАВА ЗА НЕГО

    СО 60 ГЛАСА „ЗА” ВО СОБРАНИЕТО ИЗГЛАСАНА ПОТРЕБАТА ОД ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА ОД ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ, ДОПРВА ЌЕ СЕ РАСПРАВА ЗА НЕГОСега по скратена постапка овие предложени законски измени ќе одат на матичната комисија за здравство и во законодавно-правната комисија, па потоа се враќа на пленарна седница. (Фото: Собраниски канал/ принтскрин)

    Пратениците со 60 гласа „за” и 32 „воздржани”, без глас „против”, ја изгласаа потребата од донесување на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка.

    На седницата присуствуваше пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, како и останатите опозициони партии.

    Сега по скратена постапка овие предложени законски измени ќе одат на матичната комисија за здравство и во законодавно-правната комисија, па потоа се враќа на пленарна седница.

    Собранието одлучи точката за измени на овој закон да ја качи натаму од 13 на прва точка, на предлог на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.

    Со измените Владата предлага сите граѓани да носат маски на отворено, а на инспекциските служби да им се дадат поголеми овластувања за контрола и казни за непочитување на мерките.

    Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски излезе на говорница и го праша спикерот Талат Џафери зошто не го ставил на дневен ред и нивниот предлог што го поднесоа вчера заедно со Алијанса и Алтернатива и Левица.

    „Предлагам нашиот закон да го ставите на дневен ред на денешната седница”, рече Мицевски.

    „Системот е: кога ќе дојдат сите предлози, вклучително и тие од Владата само еднојазично, а не двојазично, треба да се преведат. Јас нема никого од Македонците да го терам да го прави тоа, туку јас ќе се погрижам за тоа. Го дадов во секторот за превод. До 29.10 ќе биде готов и поделен на пратениците. Не смеам поинаку”, кажа Џафери.

    На oва Мицевски рече: „Погледнете. За две ипол странички се работи. И тешко било да се преведат”.

    Џафери кажа дека мора да работи по Деловник и по Закон за употреба на јазиците. Објасни и дека паралелно за 29.10 се преведува и ребалансот на Буџетот.

    Седницата продолжува, треба да се утврди дневен ред. Само првата точка е утврдена, со консензус на сите пратеници.

    Но, иако итните измени ги ставија први на дневен ред, сепак денеска се прескокна таа точка, зашто дури уте за во 11 часот се закажани комисиските расправи. Без да ги пројде еден предлог-закон собраниските комисии, не може да оди на главна расправа.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира