ЏЕЗАИР ШАЌИРИ – ХОЏА ЌЕ ГО СОВЕТУВА ЗАЕВ ЗА 36 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ МЕСЕЧНО

    ЏЕЗАИР ШАЌИРИ – ХОЏА ЌЕ ГО СОВЕТУВА ЗАЕВ ЗА 36 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ МЕСЕЧНОШаќири е времено ангажиран со договор за една година. - Заев на владина седница (архивска фотографија)

    Поранешниот командант на ОНА Џезаир Шаќири – Хоџа е ангажиран како советник на премиерот Зоран Заев за внатрешната безбедност и борба против радикализмот, потврди Владата.

    Шаќири, кој е поранешен пратеник од НДП, е времено ангажиран со договор за една година и ќе зема плата од 36.000 денари месечно, велат од Владата.

    „Поранешниот пратеник во Собранието на Република Македонија, Џезаир Шаќири е времено ангажиран како Надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот, за потребите на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија“, соопштија од Владата.

    Тој претходно на Фејсбук напиша дека „Заев беше помудар од нашите политичари и ме симна од планина за да ми даде барем некаква функција во владата“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари