ДИЈАБЕТЕСОТ СТАНА ЕПИДЕМИЈА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА КЛИНИКАТА ЗА ЕНДОКРИНОЛОГИЈА Д-Р ХАСАН

    ДИЈАБЕТЕСОТ СТАНА ЕПИДЕМИЈА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА КЛИНИКАТА ЗА ЕНДОКРИНОЛОГИЈА Д-Р ХАСАНСветскиот ден на дијабетесот, денеска на Плоштад Македонија го одбележа и Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија Баланс М. (Фото: К. Попов)

    Се зголемува бројката на лица со дијабетес и оваа болест расте во епидемиски бројки, вели директорот на Клиниката за ендокринологија д-р Танер Хасан на денешното одбележување на Светскиот ден на дијабетесот (14 ноември). Д-р Хасан кажа дека се во преговори со Министерството за здравство и со Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) за отворање на нови центри за дијабетес, за да може што повеќе пациенти да стигнат до докторите.

    Во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари беше промовирана книгата „Да се храниме и готвиме здраво“ од Везире Старова, каде  претседателот на Сојузот Димче Велев рече дека дијабетесот во земјава е во подем и има околу 130 илјади пациенти со дијагностициран дијабетес, како и уште половина од оваа бројка лица кои што не се дијагностицирани. Под мотото „Благостојбата кај лицата со дијабетес“ беше испратена порака за превенирање на компликациите на пациентите, да се обрне внимание на примарната заштита, како и навремено да се поставуваат дијагнозите на пациентите за отпочнување со терапија.

    „ Го одбележуваме Светскиот ден на дијабетесот – 14 Ноември, оваа година како финале на сите активности на 25-те здруженија од земјава, да ги слушнеме нивните гласови преку тие активности и да се решат нивните проблеми. Пред се достапност на иновативната терапија, да се продолжи со инсулинската терапија како што е, да се промени моделот на достапност на т.н. референтна цена, кај што граѓанинот, односно пациентот сам ќе си зема од аптека, систем за сите лица со дијабетес тип 1 во Македонија со цел да се намалат компликациите, да се намали нивното отсуство од работа и да се зголеми продуктивноста, со квалитетно менаџирање на тој систем за континуирано мерење на гликемија и секако ќе расте бројот на лица кои носат Т-1 пумпи“, кажа Велев.

    Нагласи дека кардиоваскуларните заболувања се процентуално најзастапени, потоа ретинопатијата, затоа, додаде, потребно е што поскоро да се стави терапијата за ретинопатијата на позитивната листа.

    Светскиот ден на дијабетесот, денеска на Плоштад Македонија го одбележа и Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија Баланс МК,  директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски рече дека планот на ФЗО за следната година е затворање на разговорите со Синдикатите и матичните лекари, по што ќе може да се утврдат средствата со кои располагаат за лековите на позитивната листа.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира