ДИК ИМ ГИ ВРАЧИ УВЕРЕНИЈАТА НА ПРАТЕНИЦИТЕ, НОВО СОБРАНИЕ ДО 31 ДЕКЕМВРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(Мета)

    ДИК ИМ ГИ ВРАЧИ УВЕРЕНИЈАТА НА ПРАТЕНИЦИТЕ, НОВО СОБРАНИЕ ДО 31 ДЕКЕМВРИ

    Државната изборна комисија денеска ги издаде уверенијата за избраните пратеници по што ќе може да се конституира Собранието, со пратениците избрани на предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември.

    Овластените претставници на коалициите и на политичките партии што освоија пратенички места ги подигнаa уверенијата во просториите на ДИК.

    Крајниот рок за одржување на првата седница на новото собрание е сабота 31 декември. Доколку седницата не ја свика Трајко Вељаноски, честа да го стори тоа и да ја води првата седница, според Деловникот на Собранието, ќе ја има највозрасниот пратеник од новоизбраниот состав – Бранко Маноиловски од ДУИ.

    Собранието може да се конституира ако на седницата присуствуваат мнозинството избрани пратеници, а откако ќе се утврди кворумот, се избираат претседател и членови на Верификационата комисија на Собранието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира