Државната изборна комисија со шест гласа „за“ и без присуство на претседателот Александар Чичаковски и членовите на опозицијата донесе одлука дека се исполнети сите услови за одржување на изборите на 5 јуни.
Претседателот на ДИК Александар Чичаковски и членовите од СДСМ Виолета Дума и Игор Милев ја напуштија седницата пред да почне гласањето. Останатите изгласаа дека постојат услови за организирање на веродостојни избори на 5 јуни.