ДИК ЌЕ РАСПРАВА ЗА „СПОРНИОТ“ ИЗБИРАЧКИ СПИСОК НА ЈАВНА СЕДНИЦА ВО ВТОРНИК

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(Мета)

    ДИК ЌЕ РАСПРАВА ЗА „СПОРНИОТ“ ИЗБИРАЧКИ СПИСОК НА ЈАВНА СЕДНИЦА ВО ВТОРНИК

    Денеска истекува рокот за пријавување на спорните гласачи во избирачкиот список и тој ќе се разгледува на јавна седница во вторник, велат за „Мета“ од ДИК. Од Комисијата додаваат дека продолжување на рокот за увид и пријавување во избирачкиот список нема да има, освен ако Собранието не изгласа измени во Изборниот законик.

    “Ние немаме никаква надлежност да го продолжуваме рокот за пријавување во ‘спорниот’ избирачки список и иницијативите за продолжување не треба да се доставуваат до нас, туку до Собранието. Ако Законодавниот дом изгласа измени на последниот рок за пријавување во списокот, ние ќе го почитуваме тоа, но мора да се направат измени во Избирачкиот законик”, велат од ДИК.
    Иницијатива за продолжување на рокот за пријавување на спорните гласачи поднело Движењето „Беса“, но од таму не потврдија дали ја доставиле само до ДИК или и до законодавниот дом.
    Ваљон Беља од ДУИ вели дека вчера поднел иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на одлуката на ДИК за одлуката да се бришат приближно 40.000 гласачи.
    Од ДИК соопштија дека заклучно со денеска на пладне вкупно 7.931 граѓани, чии записи во избирачкиот список, по спроведени вкрстени и теренски проверки, се спорни,се пријавиле во Комисијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира