Државната изборна комисија (ДИК) се прогласи за ненадлежна да одлучи по барањето за мислење на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев во врска со неговата одлука да го назначи Ристо Ставревски за шеф на СВР Скопје. Дополнителната заменичка министерка Славјанка Петровска не се потпиша на одлуката за именување на Ставревски со образложение дека го има во бомбите како врши притисок врз гласачи.
На денешната седница, ДИК едногласно утврди дека не е надлежна бидејќи не станува збор за акт или документ кој се однесува на правни финансиски или кадровски прашања поврзани со организација на изборите.
Во техничката влада за спроведување избори, министерот и дополнителниот заменик министер имаат врзани потписи. Во случај на несогласување меѓу министерот и дополнителниот заменик министер во министерствата во врска со тоа дали одредено правно, финансиско и кадровско прашање се однесува на организација на изборите.
Само именувањето на Ставревски од кадрите што ги предложи Чулев, откако Петровска се согласи за нови началници на предлог на опозицијата на секторите за внатрешни работи во Охрид, Штип, Битола, Велес, Струмица и Прилеп, како и за раководителите на Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за специјални полициски операции во БЈБ, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во БЈБ, на Единицата за интервентна полиција во СВР Скопје, како и за командантот на единица за специјални задачи во Оддел за специјални полициски операции во БЈБ.