ДИМЕ СПАСОВ НА ФЕЈСБУК СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ТУЖИ НОВИНАРИ ЗА СООБРАЌАЈКАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДИМЕ СПАСОВ НА ФЕЈСБУК СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ТУЖИ НОВИНАРИ ЗА СООБРАЌАЈКАТА

    Дополнителниот заменик министер Диме Спасов се јави со Фејсбук демант по веста за сообраќајката во скопската населба Тафталиџе од ноќта помеѓу петокот и сабота.

    http://sdk.mk//index.php/makedonija/dime-spasov-napravil-soobrakajka-i-pobegnal-politsijata-gi-ispituva-navodite-na-ochevidtsite/

    „Опозициските портали дрско и непоткрепено манипулираа дека се случила тешка сообраќајна несреќа со настанати штети што е целосна невистина. За овој типичен пример на организиран и координиран напад поттикнат во политички цели против дополнителниот заменик министер во наредните денови не е исклучено и поведување постапки пред надлежните судови за докажување на вистината“, напишал Спасов на неговиот Фејсбук профил.

    Полициски извори за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека кога нивна екипа излегла на увид, тие ја затекнале сопатничката која дала изјава и го потврдила идентитетот на возачот. Од МВР уште го бараат Диме Спасов да даде изјава за сообраќајката.

    На објавата на Фејсбук насловена како Реакција тој напишал: „должни сме да реагираме бидејќи истите се базираат на невистини, шпекулации и груби дезинформации кои очигледно се смислени за да наштетат на угледот на дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика“.

    Полицијата уште ноќеска за повеќе медиуми потврди дека имало сообраќајка со висок функционер и дека денеска ќе излезе со детали за настанот. Возачот по сообраќајката избегал.

    Веста со сведоштва од очевидци многу брзо беше раширена по социјалните медиуми уште во текот на ноќта.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира