ДИМИТРИЕВСКИ ОД СДСМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ОСВОИ ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ГЛАСОВИ ОД ЃОРЃИЕВСКИ

    ДИМИТРИЕВСКИ ОД СДСМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ОСВОИ ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ГЛАСОВИ ОД ЃОРЃИЕВСКИЈа прослави победата качен на тапан. - Новиот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски (Фото: СДК)

    Максим Димитриевски од коалицијата на СДСМ прогласи победа во Куманово, откако освои двојно повеќе гласови од противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски.
    Според резултатите од општинската организација на СДСМ, од преброените гласови, Димитриевски освоил 24.000 гласа, Ѓорѓиевски 13.000, а останале необработени уште 2.000 ливчиња.

    Советничката листа на СДСМ освоила 20.000 гласа, а ВМРО-ДПМНЕ 13.000, со необработени 1.000 ливчиња. Од СДСМ велат дека оствариле историска победа, каква што досега немале на ниту едни избори, иако на локално ниво никогаш не ја изгубиле власта.
    Добивме апсолутна поддршка и заедно со граѓаните ги надминавме сите стереотипи. Буквално сите граѓани се одлучија за проектот и за концептот за живот во Куманово и во Македонија. Сакам да им се заблагодарам на сограѓаните кои излегоа денеска на избори и најдостоинствено и на демократски начин ја дадоа својата поддршка за живот во Куманово и ми дадоа можност, чест и одговорност во следните четири години да го менаџирам нашиот град. Ги уверувам дека она што беше ветено и презентирано во изборната програма ќе биде во целост реализирано во најбрз период“, изјави Димитриевски.
    Од ВМРО-ДПМНЕ не ги коментираа изборните резултати, туку најавија прес за денеска.
    Пред штабот на ВМРОДПМНЕ речиси и да немаше граѓани, а оние малкумина не беа расположени за разговор.
    СДСМ ја слави победата на градскиот плоштад со музика и оро. Новиот градоначалник се качи на тапан и ја запеа на микрофон Стани моме да заиграш“.

    С. Николиќ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира