ДИРЕКТОРОТ НА МРТВ МАРЈАН ЦВЕТКОВСКИ ГО ЗАЛОЖИЛ ИМОТОТ НА МРТВ БЕЗ ДОЗВОЛА ОД СОБРАНИЕТО, ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА МУ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА

    ДИРЕКТОРОТ НА МРТВ МАРЈАН ЦВЕТКОВСКИ ГО ЗАЛОЖИЛ ИМОТОТ НА МРТВ БЕЗ ДОЗВОЛА ОД СОБРАНИЕТО, ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА МУ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНАДиректорот на МРТВ Марјан Цветковски на 26 декември 2014 го прими Орденот за заслуги за Македонија, со кој поранешниот претседател Ѓорге Иванов ја одликуваше Македонската радио-телевизија по повод 70-годишнината од основањето на Македонското радио и 50-годишнината од основањето на Македонската телевизија. (Фото: Претседател на РСМ)

    Управата за финансиска полиција денеска поднесе кривична пријава против директорот на МРТВ Марјан Цветковски заради злоупотреба на службената должност со што ѝ нанел штета 154 милиони денари или над 2 милиони евра на државата.

    Како што кажаа на утринава прес-конференција од Финансиска полиција, Цветковски во 2015 година, кога земал кредит од домашна комерцијална банка, го заложил имотот на МРТВ без согласност од Собранието кое е негов основач. Цветковски побарал кредит од 140 милиони денари, а заложил имот на МРТВ од 294 милиони денари.

    „М.Ц. заложил имот со повисока вредност од вредноста на земениот кредит во износ од 154.459.822 денари. Дел од кредитот во износ од 30 милиони денари првопријавениот М.Ц. веднаш го искористил за подмирување на доспеани обврски кон банката давател на кредитот и доверител, по основ на претходен откуп на побарувања од правниот субјект БЕГ-снабдување Центар ДООЕЛ“, кажа Даниела Весковска од Финансиската полиција.

    За овој предмет кривична заработи и нотарот З.П. која го заверила договорот за залог.

    Финансиската полиција поднесе кривични и против тројца вработени во Институтот за јавно здравје бидејќи од 2010 до 2017 не презеле мерки за наплата на побарувања кои ги имала институцијата од правни лица со што со нивното застарување биле отпишани, а штетата е 40 милиони денари.

    Третата кривична е против претседателот на УО ма ТЕ-ТО АД Скопје В.М. за лажен стечај.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира