ДИРЕКТОРОТ НА УПРАВАТА ЗА САНКЦИИ АЛЕКСАНДАР ПАНДОВ ТВРДИ ДЕКА ЗА СЕКОЈ ЗАТВОРЕНИК СЕ ДВОЈАТ ПО 2.100 ДЕНАРИ ДНЕВНО, ДОДЕКА ТИЕ ИЗГЛАДНЕТИ ЈАВНО ГИ ПОКАЖУВААТ СВОИТЕ СКЕЛЕТИ

    ДИРЕКТОРОТ НА УПРАВАТА ЗА САНКЦИИ АЛЕКСАНДАР ПАНДОВ ТВРДИ ДЕКА ЗА СЕКОЈ ЗАТВОРЕНИК СЕ ДВОЈАТ ПО 2.100 ДЕНАРИ ДНЕВНО, ДОДЕКА ТИЕ ИЗГЛАДНЕТИ ЈАВНО ГИ ПОКАЖУВААТ СВОИТЕ СКЕЛЕТИНа прашање дали ќе истражува каде одат овие високи суми по затвореник, Обвинителството вели ги следи ваквите изјави, а проневера на овие народни пари секој е должен да пријави. - Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов (Фото: Ѓ.Личовски)

    Директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов денеска на конференција за „Предизвиците во надминување на затворската пренатрупаност – Условен отпуст, електронски надзор и третманот во функција на успешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица“, кажа дека еден затвореник државата ја чини над 10 илјади евра годишно, или 2.100 денари дневно и побара казнено-поправните установи да се растеретат со поинакви изречени казни од страна на судовите.

    Го прашавме Обвинителството за организиран криминал и корупција дали ќе отвори предмет да истражи каде одат тие 2.000 денари по затвореник со години, ако тие, според извештаите на домашни и меѓународни институции, живеат едвај со 100 денари на ден, на парче леб и конзерва сардина. Тие тврдат дека се изгладнувани, дека семејствата им носат храна и јавно ги сликаат и покажуваат своите скелети, додека директорот Пандов зборува за дневен трошок по осудено лице како да се во хотел.

    „Обвинителството ги следи објавите и изјавите и притоа напоменува дека секој е должен ако утврди индиции или елементи на кривично дело или поседува докази за сторено кривично дело, истото да го пријави до органите на прогонот“, ни одговорија од Обвинителството за организиран криминал.

    Патем, статистиката во казнено-поправните установи во Македонија не се менува и со години е иста, така што се уште на вкупно 2.400 затворени (осудени) лица, се уште има уште 2.400 осуденици кои чекаат да влезат да ги издржат казните.

    Апсолутно ништо не е сменето од претходно. Сменети се само министерот за правда, директорот на Управата за извршување на санкциите и директорите на затворите.

    Пандов е оптимист дека ако не до крајот на годината, на самиот почеток на следната година електронските алки ќе бидат ставени во функција, за да бидат изрекувани такви казни и тие осудени лице во домашни услови да си ги одлежат казните. Според него, намалувањето на затворската популација може да се направи на три начини: преку условен отпуст, преку електронски надзор и соподобра ресоцијализација на осудениците, затоа што 60 проценти се рецидивисти (повратници).

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира