ДИЗЕЛОТ ПОСКАПУВА ЗА 6 ДЕНАРИ, ОД НОЌЕСКА НА ПОЛНОЌ ЌЕ БИДЕ 101 ДЕНАР ЗА ЛИТАР

    ДИЗЕЛОТ ПОСКАПУВА ЗА 6 ДЕНАРИ, ОД НОЌЕСКА НА ПОЛНОЌ ЌЕ БИДЕ 101 ДЕНАР ЗА ЛИТАРБензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за по 3,00 денари по литар. (архивска фотографија)

    Малопродажните цени на нафтените деривати од полноќ во просек се зголемуваат за 4,89 проценти во споредба со претходните цени утврдени на 31 август 2026 година, стои во денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

    Најголемо поскапување има кај дизелот. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС се зголемува за 6,00 денари по литар, со што новата цена ќе изнесува 101,00 денар за литар.

    Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за по 3,00 денари по литар. Согласно тоа, новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 97,00 денари за литар, додека новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 99,00 денари за литар.

    Одлуката ќе отпочне да се применува од 00:01 часот на 8 септември 2026 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира