ДО 15 СЕПТЕМВРИ СИТЕ ВЛАДИНИ КОЛИ ТРЕБА ДА ИМААТ ТАБЛИЧКИ ВО ЦРВЕНА БОЈА

    ДО 15 СЕПТЕМВРИ СИТЕ ВЛАДИНИ КОЛИ ТРЕБА ДА ИМААТ ТАБЛИЧКИ ВО ЦРВЕНА БОЈАБројките и буквите на регистрацијата пак ќе бидат испишани со жолта боја и со тоа тие ќе бидат лесно воочливи.(Фото: СДК.МК)

    До 15 септември сите владини возила треба да ги сменат регистарските таблички со нови во црвена боја. Владата на денешната 97. седница ја донесе оваа одлука со која, како што велат, ќе се стави крај на злоупотребите кои што биле пракса во минатото.

    Бројките и буквите на регистрацијата пак ќе бидат испишани со жолта боја и со тоа тие ќе бидат лесно воочливи.

    Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата Ивица Томовски пред неколку месеци најави дека ќе биде отворена и линија на која граѓаните ќе можат да пријавуваат доколку забележат дека службено возило се користи за приватни или партиски цели.

    Службата за општи и заеднички работи почна и постапка за изработка на регистар на сите возила во државата. Томоски вели дека со тоа ќе имаме база на податоци какви возила имаме во државата.

    „Со ваков регистар при влез на секое возило во државата ќе се внесуваат податоци. Подобро возилото да не влезе отколку да се внесуваме отпад. За да се направи регистарот потребно е софтверско решение и овој проект би чинел околу 1,5 милиони евра. Планираме да аплицираме за пари од фондовите на Европската унија“, додава Томовски.

    Владата на денешната седница на предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија донесе одлука за отворање на генерален конзулат во Корча со јурисдикција во целиот регион.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира