ДОБРО Е ЗА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО МИЈАЛКОВ, КАМЧЕВ И ЈАНАКИЕСКИ ДА БИДАТ ВО КУЌЕН ПРИТВОР, ВЕЛИ ЈАНЕВА

    ДОБРО Е ЗА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО МИЈАЛКОВ, КАМЧЕВ И ЈАНАКИЕСКИ ДА БИДАТ ВО КУЌЕН ПРИТВОР, ВЕЛИ ЈАНЕВАЗа Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, специјалната обвинителка вели дека се работи за фамилијарни луѓе и двајцата многу уверливо потврдиле дека нема да ја напуштат Република Македонија при давање искази во СЈО. - Катица Јанева (Фото: СДК.МК)

    Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева смета дека добро за реформите за владеењето на правото е осомничените и обвинетите од истрагата „Империја“ и предметот „Титаник“ да бидат во куќен притвор, откако нејзиното обвинителство неделава му предложи на судот да ги пушти од притвор во Шутка во куќен притвор Сашо Мијалков, Орце Камчев, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски.

    „Што се однесува за сегашните одлуки за определени притвореници кои се опфатени во истрагите ’Империја‘ и ‘Титаник‘, како Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, мислам дека за периодот додека беа во притвор се собраа доволно докази и се анализираа сите аспекти до кога би можеле да бидат во притвор и дали со други мерки може да биде обезбедено нивното присуство. Сметавме дека е добро за реформите, за владеењето на правото, овие лица да бидат во следниот период во куќен притвор и со тоа ќе биде доволно обезбедено нивното присуство“, изјави Јанева во интервју во вестите на телевизија „Канал 5“.

    Како што кажа Јанева, во врска со „Империја“ во следниот период од истрагата ќе се вршат само финансиски анализи, па осомничените веќе не се потребни во притвор.

    „Не може да влијаат на сведоци или да го повторат делото. Што се однесува до точката бегство., мислам дека е доволно да видат во куќен притвор, со одземени некои права“, кажа Јанева.

    За Јанакиески и Божиновски, таа вели дека се работи за фамилијарни луѓе и двајцата многу уверливо потврдиле дека нема да ја напуштат Република Македонија при давање искази во СЈО.

    Во врска со изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека е разочаран од работата на СЈО, Јанева рече дека „МВР треба само да ги спроведува одлуките на судот и барањата на обвинителство, вклучително и на СЈО и тој не е компетентен да ги коментира ваквите одлуки, бидејќи се само помошен орган на судот, обвинителството и СЈО.“

    Изминативе три дена, СЈО испрати предлози до Апелациониот суд и судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1 на притворените Сашо Мијалков, Орце Камчев, Цветан Панделески, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска и Тодор Мирчевски од „Империја“, како и Миле Јанакиески и Кирил Божиновски од „Титаник“ да бидат пуштени во куќен притвор. Судиите ги прифатија предлозите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира