ДОНЕВСКИ ДОБИЛ ОД ГАЗДАТА НА „СЕКЈУРИКОМ“ КОЛА, КАЖА ДИРЕКТОРОТ НА ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА МУАРЕМИ

    ДОНЕВСКИ ДОБИЛ ОД ГАЗДАТА НА „СЕКЈУРИКОМ“ КОЛА, КАЖА ДИРЕКТОРОТ НА ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА МУАРЕМИДиректорот од Финансиската полиција Арафат Муареми денес кажа дека против Васе Доневски и газдата на фирмата „Секјуриком“ (В.Г) поднесена е кривична пријава за Злоупотреба на службената положба и овластување и за кривично дело соизвршителство. (Фото: М. Златевска)

    Против директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Васе Доневски и газдата на фирмата „Секјуриком“, (В. Г) поднесена е кривична пријава за Злоупотреба на службената положба и овластување и за кривично дело соизвршителство, соопшти денеска на прес-конефернција директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми.

    Муареми кажа дека изминатите три месеци го испитувале работењето на СОЗР, по што биле откриено дека ексдиректорот Доневски во текот на 2015 година свесно и со однапред утврдена намера ја искористил службената положба и со пречекорување на службените овластувања, иницирал постапка за јавна набавка без електронска аукција во која фирмата „Секјуриком“ добила тендер во вредност од 11 милиони евра.

    „Во текот на истрагата извршен е претрес н неколку локации по претходна наредба од Основен суд Скопје 1. Пронајдена е финансиска документација која претходно не беше дадена на Финансиската полиција. Одземени се компјутери, УСБ и едно патничко возило. Возилото е купено од фирмата ’Секјуриком‘ и дадено со полномоштво на користење на лицето В.Д. Ова е прва фаза од истрагата, таа не е завршена се продолжува со втора фаза, во која ќе се утврди за колку пари е оштетен буџетот на државата односно колку би била намалена цената на договорот доколку се спровела електронска аукција“, рече директорот Муареми.

    Како што информираа од Финансиската полиција, Доневски во 2015 година со цел да ја избегне обврската да побара согласност од Советот за јавни набавки испратил Известување за оглас за јавна набавка до седум економски оператори, од кои четири во сопственост на В.Г., две кои имале соработка со „Секјуриком“ и едно кое не се јавувало на друга јавна набавка.

    Од седумте економски оператори добиени се позитивни одговори со изјави за заинтересираност за учество на огласот за јавна набавка и со тоа е избегната обврската за барање на согласност од Советот за јавни набавки. На огласот единствено понуда била поднесена од Друштвото за обезбедување и услуги „Секјуриком Мултисервис Интернационал“ ДОО Скопје при што не била спроведена електронска со која ќе се овозможи конкурентно наддавање и намалување на цената на услугите, со што „Секјуриком“ се стекнало со противправна имотна корист во износ од 660.834.855 денари.

    Од Финансиската полиција велат дека направена е споредба на тендерите за одржување на Вила Водно и зградата на поранешна „Нова Македонија“, кој СОЗР ги склучила во 2015 и 2017 година. Оној во 2015 година склучен со „Секјуриком“ чинел 28.811.352 денари, а оној во 2017 година откако била спроведена електронска аукција цената била намалена на 15.880.836 денари, односно била постигната 45 отсто пониска цена.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира