ДРВО ПАДНА ВРЗ ЖЕНА КАЈ ПОРАНЕШНА „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ВО СКОПЈЕ, ПРЕНЕСЕНА Е В БОЛНИЦА

    ДРВО ПАДНА ВРЗ ЖЕНА КАЈ ПОРАНЕШНА „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ВО СКОПЈЕ, ПРЕНЕСЕНА Е В БОЛНИЦАЖената на околу педесетина години не е во животозагрозувачка состојба. (Фото: К. Попов)

    Дрво падна врз жена на булеварот Свети Климент Охридски во Скопје пред поранешната печатница на „Нова Македонија“, спроти зградата на делегацијата на Европската унија. Жената се движела на пешачката патека кога едно од дрвата од силниот ветар се скршило и паднало врз нејзе.

    Жената на околу педесетина години не е во животозагрозувачка состојба, потврди за МИА д-р Драган Панов од Итната медицинска помош во Скопје.

    „Наша екипа со помош на пожарникари ја извлекле. Таа немала надворешни видливи повреди. Се пожалила на болки во кичма и по телото, по што е однесена на опсервација на клиника. Треба да се направат снимки за да се види дали има некаква фрактура“, изјави д-р Панов.

    Екипа на ТВ 21 сними како жената за кратко време беше извлечена од екипа на Брза помош и граѓани кои се најдоа во тој дел од градот и беше пренесена во Клиничкиот центар.

    Денеска во Скопје ќе има невреме со силен ветер и пороен дожд. (Фото: К. Попов)

    Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека од силниот ветер, попладнево има паднати дрвја на неколку локации низ Скопје.

    Управата за хидометеоролошки работи за попладнево најави силно невреме со ветар и грмотевици во главниот град. Од таму велат дека и во текот на ноќта на повеќе места ќе има нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер над 70 километри на час и појава на град.

    Невреме имаше и во Битола. Дрво падна врз возило ,,шкода” со скопски регистерски таблички, паркирано на зонскиот паркинг во центарот на градот. Сопственикот на возилото не сакаше да зборува за штетата што му е предизвикана. Вработени на ЈП ,,Комуналец” го отстрануваа дрвото за да се извлечи возилото. Невремето откорна гранки од дрвја и поплави дел од улиците. Пред да падне дождот на неколку места низ битолските ридови имаше пожари.

    Дрво падна врз кола во Битола. (Фото: СДК.МК)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира