ДРЖАМ ПРЕСОВИ ПРЕД ТАБЛАТА ШТО ЈА ЗАТЕКНАВ, БАНЕР НЕ НАЈДОВ, ВЕЛИ МИЗРАХИ

    ДРЖАМ ПРЕСОВИ ПРЕД ТАБЛАТА ШТО ЈА ЗАТЕКНАВ, БАНЕР НЕ НАЈДОВ, ВЕЛИ МИЗРАХИМинистерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи на прес-конференција во министерството пред таблата на која пишува Република Македонија. (Фото: МТСП)

    Техничката министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи вели дека ќе продолжи да ги држи прес-конференциите пред постојната табла во министерството на која стои името Република Македонија. Таа вели дека ја затекнала таблата кога дошла во министерството, а таму не постоел никаков друг банер.

    „Јас тука никогаш тука не најдов банер, ова е таблата на министерството и јас држам пресови пред таблата која ја затекнав. Нема да ставам банер кој не постоел тука. Ова е таблата од министерството и пред оваа табла ќе се држат пресовите. На друго место да го поставите прашањето, со некои аналитичари и експерти во врска со Преспанскиот договор и да видите дали треба да се стави или не. Во овој момент јас не ставам банер“, изјави денеска министерката Мизрахи.

    Министерката рече и дека ја нема добиено вербалната нота од Грција, за која зборуваше министерот за надворешни работи Никола Димитров. Во неделата, Димитров кажа дека Мизрахи го крши Уставот и дека Грција во петокот испратила вербална нота до Министерството за надворешни работи. Тој тогаш му сугерираше на техничкиот премиер Оливер Спасовски да предложи нејзино разрешување до Собранието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира