ДРЖАВАТА НА 7 ШТИТЕНИЦИ ВО ВП ДОМ „ТЕТОВО“ ИМ ГО ПРЕКИНАЛА ОБРАЗОВАНИЕТО, НА УШТЕ ТОЛКУ НЕ ИМ ДАЛА ДА ПРОДОЛЖАТ СО СРЕДНОТО

    ДРЖАВАТА НА 7 ШТИТЕНИЦИ ВО ВП ДОМ „ТЕТОВО“ ИМ ГО ПРЕКИНАЛА ОБРАЗОВАНИЕТО, НА УШТЕ ТОЛКУ НЕ ИМ ДАЛА ДА ПРОДОЛЖАТ СО СРЕДНОТОРутината од 9 до 13 часот остана само празна дупка, која само децата - штитеници знаат како секој ден ја пополнуваат, издржувајќи ги воспитно-поправните мерки во Домот (Фото: СДК.МК)

    Министерството за образование и натаму прави кривично дело, односно го крши Законот за основно и средно образование, со тоа што на 26 затворени деца и младинци во Воспитно-поправниот дом „Тетово“ во Волковија, им го прекинува образованието или воопшто не го обезбедува да почне.

    Вака е всушност во последниве 6-7 години, со исклучок на повремена, инцидентна настава, што директори на Домот успеале да ја обезбедуваат кратко, со помош на домашни и меѓународни невладини организации. Нема системско решение, нема организирана настава во ВП Дом „Тетово“ и понатаму, се е исто и ништо не се смени ни со новата (ланска) власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

    Дека и натаму нема школа и настава за штитениците по воспитно-поправни мерки пак констатираше Народниот правобранител на Македонија Насер Зибери во последниот извештај за човековите права и правата на децата.

    „Правото на образование на децата упатени во Воспитно-поправен дом Волковија, Тетово, уште една година во низата не се остварува, со што се врши повреда на правата на децата. Оваа година, дури 26 деца немаа никаква форма на настава, при што 12 од нив се целосно неписмени, 7 немаат можност да го оформат основното образование и 7, иако имаат основно образование ,не можеа да продолжат во средно образование, кое патем е со закон определено како задолжително и бесплатно!“, предупредува Омбудсманот во најновиот извештај.

    Народниот правобранител, неколку години по ред укажува дека со неорганизирање на формално образование за децата кои дошле во судир со законот, државата врши груба повреда на правата на децата и постапува спротивно на Уставот, законите, како и на Конвенцијата за правата на детето, која налага обврска, меѓу другото, да се обезбеди непречено остварување на правото на образование на секое дете, без дискриминација.

    Следствено, Народниот правобранител укажува што поскоро да се преземат мерки со цел обезбедување услови за формално образование за децата во ВПД Волковија заради овозможување на ефикасен процес на ресоцијализација, но и заради нивна успешна реинтеграција по издржување на мерката“, кажа Зибери.

    С. К. ДЕЛЕВСКА


    Можеби ќе ве интересира и ова

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира