ДРЖАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ОД ДЕНЕС ЌЕ ПРОТЕСТИРА СЕКОЈ ДЕН, БАРА 30 ОТСТО ПОВИСОКА ПЛАТА

    ДРЖАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ОД ДЕНЕС ЌЕ ПРОТЕСТИРА СЕКОЈ ДЕН, БАРА 30 ОТСТО ПОВИСОКА ПЛАТААдминистративците бараат Владата на денешната седница да стави на дневен ред точка за зголемување на платите.(Фото: СДК.МК)

    Вработените во државната администрација од денеска секој ден ќе протестираат по половина час пред работните места. Велат дека протестите ќе траат додека владата не го исполни нивното барање за 30 отсто повисока плата. Бараат Владата на денешната седница да стави на дневен ред точка за зголемување на платите.

    Во изминатиот период остваривме средби со речиси сите министри и подготвивме предлог-колективни договори кои беа поднесени во Министерството за финансии. Иако беа поднесени пред носењето на буџетот за 2025 година од неразбирливи причини Министерството не одвои средства и договорите не беа прифатени. Платите на државната администрација почнуваат од 25.010 дена, а просечната плата на овие вработени е 29.000 денари, додека просечната плата во државата 42.124 денари. Додатокот што го бараме од 30 проценти значи дека вработените би добиле плус 6.000 денари, и пак ќе бидат под просекот“, рече Трпе Деаноски претседател на УПОЗ.

    Од УПОЗ велат дека ова барање е старо 4 години, но за жал ниту една власт не го исполнила. Како што беше најавено протестот во петок ќе биде пред Министерството за финансии.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира