ДРЖАВНИ ПАТИШТА ВРАБОТУВА ПОМОШНИК НА АРТАН ГРУБИ ЗА ПРОЕКТОТ СО АВТОПАТИШТАТА ЗА ПЛАТА ОД 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ

    ДРЖАВНИ ПАТИШТА ВРАБОТУВА ПОМОШНИК НА АРТАН ГРУБИ ЗА ПРОЕКТОТ СО АВТОПАТИШТАТА ЗА ПЛАТА ОД 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИЗа тимот на вицепремиерот Артан Груби е распишан оглас за 28 позиции. (Фото: Влада)

    Јавното претпријатие за државни патишта на оглас бара помошник на главниот и одговорен координатор на проектот за изградба на автопатиштата од коридорите 8 и 10д, Артан Груби. Помошникот на Груби треба да биде градежен инженер со најмалку 6 години работно искуство во струката и за него е предвидена нето плата од 70.052 денари.

    Покрај помошникот на координаторот, во истиот оглас, Државни патишта има отворено позиции за уште 27 работни места поврзани со изградбата на автопатиштата Тетово-Гостивар-Букојчани, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола.

    Градежен инженер се бара и за позицијата координатор на единицата за техничка изведба на проектот, за кого е предвидена плата од 65.029 денари. За позицијата известувач за проектот е предвидена плата од 45.045 денари и тука се бара само високо образование, без конкретна насока.

    Ќе се вработат и четворица „специјалисти за експропријација“, кои од образование треба да имаат Правен факултет или други општествени науки или Јавна управа и администрација. И нивната плата ќе биде 45.045 денари.

    Според огласот, вработувањата ќе бидат на определено време до 22.01.2028 година кога треба да заврши проектот. Рокот за пријавување е до 25 април.

    Автопатиштата од коридорите 8 и 10д ќе ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за 1,3 милијарди евра, според првичните проценки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира