ДУИ ГИ ДАДЕ ПОТПИСИТЕ НА СДСМ ЗА ДА СЕ ЗАПАЗИ РОКОТ ЗА ЛОКАЛНИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДУИ ГИ ДАДЕ ПОТПИСИТЕ НА СДСМ ЗА ДА СЕ ЗАПАЗИ РОКОТ ЗА ЛОКАЛНИТЕ

    ДУИ донесе одлука да му ги даде потписите од 10-мината пратеници на СДСМ за да го добие мандатот за формирање влада од претседателот Ѓорге Иванов. Портпаролот на партијата Бујар Османи потврди дека Централното претседателство на денешната седница изгласало да му се дадат на потписите на СДСМ за да се запази рокот за локалните избори, но тоа се уште не значи дека ДУИ ќе учествува во владата.

    „Решивме да му ги дадеме потписите на СДСМ, но тоа не значи дека даваме согласност за формирање влада. Ги даваме потписите за да се запазат роковите за локалните избори, бидејќи нивното одложување не е во интерес на граѓаните на Македонија. Во игра остануваат сите опции. Дискутиравме и за опцијата да останеме во опозиција или да дадеме поддршка за малцинска влада, бидејќи не е во наш интерес да учествуваме во владата по секоја цена. Има различни мислења, ќе продолжиме со состаноците“, изјави Османи по седницата на претседателството во Мала Речица.

    Локалните избори треба да се одржат во мај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира