Демократската унија за интеграција (ДУИ) вечерва го објави списокот на предлозите за нови министри и заменици министри. Во соопштението од партијата се вели дека предлозите се на лидерот на партијата Али Ахмети во согласност со едногласната одлука на Централното претседателство и неговите статутарни надлежности.
Предлозите на Али Ахмети се:
- Фестим Халили: Министер без ресор (Заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања)
- Арбер Адеми: Министер без ресор (Заменик на Претседателот на Влада задолжен за спроведување на Рамковниот Договор)
- Валдет Џафери: Министер во Минстерство за Правда
- Пиштар Лутфиу: Министер во Минстерство за Образование и Наука
- Дритон Кучи: Министер во Минстерство за Економија
- Башким Ахмети: Министер во Минстерство за Животна Средина и Просторно Планирање
- Шухрете Елези: Министер во Минстерство за Локална Самоуправа
- Арлинд Зеќири: Министер без ресор (задолжен за странски инвестиции)
- Беким Максути: Заменик на Министер во Министерство за Одбрана.
- Агим Нухиу: Заменик на Министер во Министерство за Внатрешни Работи
- Фатон Положани: Заменик на Министер во Министерство за Транспорт и Врски
- Гзим Беадини: Заменик на Министер во Министерство за Финансии