Претседателството на ДУИ на вечерашнава седница одржана во партиското седиште во Мала Речица, донесе одлука на претстојните претседателски избори да настапи со свој кандидат.
„Претседателството на ДУИ едногласно одлучи дека ДУИ на овие претседателски избори ќе оди со свој кандидат. Меѓутоа, Претседателството даде можност доколку во текот на наредните денови се создадат предуслови за некаква соработка на ДУИ со други политички партии, Претседателството го овласти претседателот на партијата да може да разговара и со другите албански политички партии за заедничко излегување на овие избори или со другите политички партии на другите етнички заедници заради концептот на консензуален кандидат, но оваа опција останува доколку се создадат вакви предуслови“ изјави Бујар Османи.
З. АНДОНОВ