ДВА ДЕНА ДО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА, АД ХОК ТЕЛОТО ЗАГЛАВЕНО СО КОНСЕНЗУС

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДВА ДЕНА ДО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА, АД ХОК ТЕЛОТО ЗАГЛАВЕНО СО КОНСЕНЗУС

    Уште два дена до одржувањето на лидерската средба на потписниците на договорот од Пржино каде треба да се утврди датумот за избори, а ад хок телото за мониторинг на медиумите за време на изборите не е комплетирано.

    Денес  во 12 часот, членовите на Телото, новинарите Слаѓана Димишкова, Цветин Чилиманов, Љубомир Костовски и Горан Трпеноски треба повторно да се сретнат за да се обидат да се договорат за петтиот член.

    Од претходно е познато дека од предложените кандидати, во најтесниот круг се влезени новинарите Даут Даути и Сефер Тахири, но за ниту еден од нив четворицата други колеги не успеле да се договорат.

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев вчера при посетата на Матка за празникот Пресвета Богородица рече дека проблемите со изборот на петтиот член на ад хок телото за регулација на медиумите нема да го доведат во прашање одржувањето на изборите во декември.

    „Не треба да дозволиме поради една ваква мала причина да се одложат ставовите за заклучоците за исполнување на условите согласно кој ќе биде фиксиран датумот за избори. Јас верувам дека на 31 август ќе објавиме ние претседателите на поголемите партии дека 11 декември ќе биде датумот на изборите. Мој личен став е дека ова ад хок тело не може да биде причина за да не се одржат изборите“, изјави Заев.

    Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги (АВМУ),  во петокот ја усвои методологијата за надзор на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори. На усвојувањето на методологијата реагираше лидерот на СДСМ Зоран Заев кој испрати  барање до АВМУ за измена на Методологија, бидејќи претставувало кршење на договорот од 19 јули и на дел од одредбите на Изборниот законик. Дописот на Заев  до Агенција за аудио и аудиовизулени медиумски услуги бил испратен и до другите потписници на договорот од Пржино и до амбасадите во Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира