Два земјотреса со умерена јачина се почувствуваа ноќеска околу 1 часот по полноќ во Охридско.
Според веб сајтот на Европскиот медитерански сеизмолошки центар, двата земјотреса биле со јачина од 3,2 степена според Рихтеровата скала. Првиот е регистриран во 50 минути по полноќ со епицентар помеѓу Охрид и селото Косел во кое има неактивен вулкан. Епицентарот бил на длабочина од 10 километри.
Вториот земјотрес е почувствуван само 9 минути подоцна, во 1 минута пред 1 часот по полноќ на длабочина од 2 километри. Епицентарот бил на 8 километри источно од селото Белчишта.
Земјотресите не предизвикаа вознемиреност меѓу населението и бројните туристи кои поради продолжениот викенд престојуваат во охридско – струшкиот регион. Штети не се пријавени.