ДВАЕСЕТ ПРИЈАВИ ДО МВР ЗА ПРЕКРШУВАЊЕ НА ИЗБОРНИОТ МОЛК

    ДВАЕСЕТ ПРИЈАВИ ДО МВР ЗА ПРЕКРШУВАЊЕ НА ИЗБОРНИОТ МОЛКРегистрирани се 47 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк кои се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати. (Фото: СДК.МК)

    Дваесет пријави за нарушување на изборниот молк се поднесени до Министерството за внатрешни работи. Од нив, шест се на подрачјето на СВР Скопје, четири на подрачјето на СВР Куманово, во СВР Велес три, по две во СВР Охрид, СВР Штип и СВР Битола и една на подрачјето на СВР Струмица.

    „По преземени мерки, не се потврдени пријавите за 15 настани“, велат од МВР.

    Како што соопштија од Министерството, регистрирани се 47 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк кои се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати, како и објавени видеа и слики од партиски активности во штабови.

    На сите подрачја гласањето на болни и изнемоштени лица и затвореници поминало без нарушување на гласањето, регистриран е само еден настан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира