ДВАЈЦА 14-ГОДИШНИЦИ ИСПРАЌАЛЕ ЗАКАНИ ЗА БОМБИ ВО УЧИЛИШТА ВО СКОПЈЕ

    ДВАЈЦА 14-ГОДИШНИЦИ ИСПРАЌАЛЕ ЗАКАНИ ЗА БОМБИ ВО УЧИЛИШТА ВО СКОПЈЕМалолетниците испратиле закани за поставени бомби на 19 и 21 февруари. (Фото: МВР)

    Двајца 14-годишници од Скопје ги испратиле заканите за бомби во основни и средни училишта во Скопје. Како што велат од Министерството за внатрешни работи, по извршени дополнителни проверки утврден е идентитетот на инволвираните малолетни лица, при што на 25.02.2025 во полициската станица Чаир тие се повикани во присуство на родител, инспектор за малолетничка деликвенција од СВР Скопје и адвокат. Малолетниците го признале делото и го појасниле начинот на извршување.

    По извршениот службен разговор, со цел обезбедување докази, од нивните родители се одземени два мобилни телефона со СИМ картички што ги користеле пријавените малолетни лица.

    Пријавените малолетни лица на 19.02.2025 од мобилниот телефон на едниот малолетник испратиле мејл со заканувачка содржина за поставена бомба во две училишта во Скопје, едно основно и едно средно. Исто така, на 21.02.2025 од мобилниот телефон на другиот малолетник испратиле мејл со заканувачка содржина за поставена бомба во две училишта во Скопје, едно основно и едно средно. Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при СБПТНЕР во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал изврши антитерористичка проверка на сите училишта кои добиле порака, но не се пронајдени експлозивни направи и е утврдено дека се работи за лажно пријавување за поставени експлозивни направи“, велат од МВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира