ДВАЈЦА АДВОКАТИ БАРААТ ОД ВРХОВНИОТ СУД ДА МОЖЕ ДА СЕ СПАСАТ РАЗРЕШЕНИ СУДИИ, ЈОВО ВАНГЕЛОВСКИ ВЕДНАШ ЗАКАЖАЛ ОПШТА СЕДНИЦА

    ДВАЈЦА АДВОКАТИ БАРААТ ОД ВРХОВНИОТ СУД ДА МОЖЕ ДА СЕ СПАСАТ РАЗРЕШЕНИ СУДИИ, ЈОВО ВАНГЕЛОВСКИ ВЕДНАШ ЗАКАЖАЛ ОПШТА СЕДНИЦАИницијативата за разрешување на претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски и уште двајца судии од Врховниот суд, зашто му го укинаа притворот на Сеад Кочан додека беше во бегство. - Јово Вангеловски (Фото: СДК.МК)

    Двајца адвокати од Скопје, бараат од Врховниот суд на Општа седница да донесе начелно правно мислење според кое за судиите што се предложени за разрешување, меѓу кои е и претседателот Јово Вангеловски, да важи поблаг закон. Општата седница, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, засегнатиот претседател Вангеловски ја закажал експресно, за в четврток.

    Неофицијално, обезбедено е мнозинство на врховни судии кои би донеле начелно мислење на Врховниот суд со кое за предложените судии за разрешување ќе важи новиот Закон за судови, донесен 2019 година. Новиот е поблаг од стариот Закон за судови, зашто дава можност и за дисциплинска мерка против судијата, а тој да не биде разрешен. Во стариот закон, за судија за кого е поднесена иницијатива за разрешување, ако биде ставен на дневен ред, има опција само најстрога казна. Дисциплински мерки нема.

    Иницијативата за разрешување на Вангеловски и уште двајца судии од Врховниот суд, зашто му го укинаа притворот на Сеад Кочан додека беше во бегство. Според новиот Закон за судови, крајниот збор го има Врховниот суд. Судиите кои би ги разрешил Судскиот совет имаат право на жалба токму до Врховниот суд.

    „Затоа е потребно начелно правно мислење од Општата седница, според кое за обвинетиот ќе важат нормите од поблагиот Закон за судови и со кој Врховниот суд ќе може по поднесената жалба, разрешениот судија да го врати назад на работа“, објаснуваат судиите со кои разговаравме.

    На иницијатива на еден од адвокатите на избеганиот Никола Груевски, Вангеловски во јануари 2019 година свика Општа седница и таа донесе начелно правно мислење дека СЈО не може да отвора истраги по 30 јуни 2017 година. До денеска, тие истраги против: Груевски, Миле Јанакиески, Али Ахмети, Бујар Османи, Антонијо Милошоски, потоа истрагата Империја против Орце Камчев и Сашо Мијалков, против Жарко Луковски, за Скопје 2014 и многу други истраги на СЈО поради ова начелно правно мислење, се блокирани. Од Врховниот суд потврдија дека за в четврток е закажана Ошта седница со ваква точка на дневен ред и додадоа дека по носењето на новиот Закон за судови зачестиле такви иницијативи, не само од кривична, туку и од граѓанска и управна материја.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира