ДВАЈЦА БИТОЛЧАНИ СЕ УДАВИЈА ВО АЛБАНИЈА

    ДВАЈЦА БИТОЛЧАНИ СЕ УДАВИЈА ВО АЛБАНИЈАИзвори на „Топ Ченел“ велат дека по ручекот, тројца од македонските туристи отишле во морето, а само еден се вратил. (Фото: Топ Ченел/принтскрин)

    Двајца туристи од Македонија се удавија во морето кај Спиле, Албанија, објави албанската телевизија „Топ Ченел“.

    Извори на телевизијата велат дека станува збор за двајца битолчани на возраст од 77 и 79 години, кои биле пријатели и дошле во група од 52 луѓе на албанското крајбрежје.

    За двајцата битолчани, ова било четврти ден од нивниот престој во Спиле, додаваат од телевизијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира