ДВАЈЦА ЛЕКАРИ ОД ПРИВАТНАТА БОЛНИЦА „СИСТИНА“ ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС

    ДВАЈЦА ЛЕКАРИ ОД ПРИВАТНАТА БОЛНИЦА „СИСТИНА“ ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУССпоред природата на работното место, едниот од нив немал никаков контакт со пациенти додека другиот имал минимален контакт со пациенти, а негативни се тестовите на сите нивни контакти, вели болницата. (Фото: Аџибадем Систина)

    Брачна двојка лекари во приватната болница Аџибадем Систина е позитивна на КОВИД-19, соопшти болницата. Според болницата, двајцата доктори биле изолирани на 2 јуни како суспектни на коронавирусот, а по направените ПЦР тестови, кај обајцата се потврди позитивен резултат.

    „Според природата на работното место, едниот од нив немал никаков контакт со пациенти додека другиот имал минимален контакт со пациенти. Утврдени и контактирани се сите луѓе со кои овие лица биле во контакт и на истите веќе им е извршено тестирање и резултатите кај сите нив до сега се негативни“, соопшти болницата и додаде дека продолжува да работи со полн капацитет, „со преземање на сите максимални мерки за заштита на своите вработени и пациенти и по сите утврдени безбедносни протоколи, кои се усогласени со одлуките и мерките за заштита кои ги презема ‘Аџибадем’ од Турција“.

    Лабораторијата на Аџибадем Систина е една од лиценцираните за тестирање на КОВИД-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира