ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ, 125 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19

    ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ, 125 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 38 пациенти. - Возила на Брза помош пред болницата. (Фото: Ѓ. Личовски)

    125 нови случаи на КОВИД-19 се регистрирани во изминатите 24 часа, од направени 1085 тестови, објави Министетрството за здравство. Починати се две лица, од Прилеп и од Струмица.

    Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 113 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Кочани и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

    Новозаболени лица има најмногу од Скопје -46, па во Куманово 19, Штип и во Тетово 16. Останатите нови регистрирани се од Прилеп-1, Струга-7, Велес-3, Битола-1, Охрид-5, Гостивар-6, Кочани-1, Делчево-1, Неготино-2.

    Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти, во Прилеп-2, Тетово-1, Велес-4 и Свети Николе-1.

    Двете починати лица се пациент од Прилеп на возраст од 73 години, хоспитализиран во ГОБ „8 септември“ од 19 мај и пациентка од Струмица (67г) хоспитализирана на Клиника за неврохирургија од 18 мај.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 58 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

    До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 38 пациенти. На респираторна машина се 7, а со потешка клиничка слика се уште 8 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 11 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2915, бројката на оздравени пациенти е 1640, на починати е 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1124. Последната дистрибуција по градови е следна:

    •       Скопје 1201, активни 595
    •       Куманово 545, активни 129
    •       Дебар 52, активни 1
    •       Штип 161, активни 123
    •       Прилеп 218, активни 29
    •       Тетово 273, активни 115
    •       Струга 98, активни 26
    •       Велес 141, активни 27
    •       Битола 30, активни 4
    •       Охрид 30, активни 13
    •       Кавадарци 6, активни 1
    •       Гостивар 47, активни 26
    •       Гевгелија 6, активни 2
    •       Струмица 5, активни 2
    •       Крива Паланка 6, активни 0
    •       Радовиш 4, активни 0
    •       Крушево 3, активни 0
    •       Кочани 43, активни 12
    •       Пробиштип 5, активни 3
    •       Демир Хисар 1, активни 0
    •       Македонски Брод 2, активни 0
    •       Пехчево 3, активни 0
    •       Берово 2, активни 1
    •       Валандово 3, активни 2
    •       Виница 3, активни 1
    •       Делчево 2, активни 1
    •       Кратово 3, активни 1
    •       Свети Николе 3, активни 2
    •       Кичево 3, активни 1
    •       Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1085 теста се преку: ИЈЗ –663, ЦЈЗ Скопје-12, Авицена –128, Биотек -42, Жан Митрев (Филип Втори) –144, Систина со ПЦР метода –41 и МАНУ -55.  Досега во земјата се направени вкупно 35471 тестирања на ковид -19.

     

     

     

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира