ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ И 22 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 533 ТЕСТОВИ

    ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ И 22 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 533 ТЕСТОВИДвајца пациенти, од Скопје и од Тетово, починаа во Градската општа болница „8 Септември“. (Фото: К. Попов)

    Двајца пациенти починаа во Градската општа болница „8 Септември“, пациент од Скопје (78 години) примен на 7 мај и пациент од Тетово (77 години), на болничко лекување од 14 мај, објави на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

    Во изминатите 24 часа се направени 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-3, Струга-1, Велес-4, Свети Николе-1 и Гостивар-1. Досега во земјата се направени вкупно 22.255 тестирања на КОВИД -19.

    Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 203 теста се во рамките на скринингот во градинки во Велес и Скопје и сите се негативни. Од досега направените 908 тестирања на вработените во градинките во Битола, Скопје и Велес потврден е само еден позитивен случај на КОВИД-19 во Битола.

    За денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 50 оздравени пациенти.
    – Скопје 16
    – Куманово 10
    – Прилеп 6
    – Тетово 15
    – Велес 1
    – Крива Паланка 1
    – Валандово 1

    Во земјава, вкупно ковид дијагностицирани се 1.839 лица, оздравени се 1.351,  починати се 106, а активни се 382.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира