ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ ОД КИЧЕВО УЧЕСТВУВАЛЕ ВО ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ НА 18 КИЛА ЗЛАТО ОД ЗЛАТАРНИЦА ВО ГОСТИВАР

    ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ ОД КИЧЕВО УЧЕСТВУВАЛЕ ВО ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ НА 18 КИЛА ЗЛАТО ОД ЗЛАТАРНИЦА ВО ГОСТИВАРДвајцата полицaјци се направиле план за грабежот заедно со другите лица, учествувале во подготовките со извиди на локацијата и на работата на златарницата два дена пред грабежот, а на самиот ден, со службено возило на МВР го обезбедувале патот на двете возила за пљачката во Гостивар. (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство (ОЈО) Гостивар бара притвор за двајца полициски службеници од ОВР Кичево кои учествувале во вооружен грабеж на 18 кила злато од гостиварска златарница. Обвинителството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, кои се осомничени дека како соизвршители учествувале во извршувањето на кривично дело Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    „Осомничените, на 10 октомври заедно со други засега непознати лица влегле во златарница во Гостивар и со сила и закана со огнено оружје одзеле 18 килограми злато. Двајцата осомничени се полициски службеници од ОВР Кичево, кои се договориле и направиле план за грабежот заедно со другите лица за кои интензивно се преземаат дејствија за пронаоѓање. Осомничените учествувале во подготовките со извиди на локацијата и на работата на златарницата два дена пред грабежот. На самиот ден, тие со службено возило на МВР го обезбедувале патот на двете возила искористени за грабежот во Гостивар, од кои едното потоа било пронајдено запалено на магистралниот пат Гостивар-Дебар, додека другото било пронајдено напуштено во Кичево, во близина на сточниот пазар“, соопшти Обвинителството.

    Од таму велат дека јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничените, бидејќи постои опасност од бегство, можност да ја попречуваат постапката со прикривање на доказите и со влијание врз сведоците, како и опасност да го повторат делото.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира