ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ ОД СТАНИЦАТА ВО ПЕТРОВЕЦ ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС, НЕПОЗНАТО Е КАДЕ СЕ ЗАРАЗИЛЕ

    ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ ОД СТАНИЦАТА ВО ПЕТРОВЕЦ ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС, НЕПОЗНАТО Е КАДЕ СЕ ЗАРАЗИЛЕВкупно пет припадници на полицијата се досега инфицирани со КОВИД-19, засега нема кај ниту еден од нив компликации (Фото: СДК.МК)

    Двајца припадници на мобилната сообраќајна полиција од станицата во Петровец се позитивни на тест од коронавирус. Со претходните тројца заразени, вкупната бројка на инфицирани полицајци со овој вирус се искачи на 5.

    Според информациите од МВР, тројцата се со лесна клиничка слика, исто како и двајцата новозаболени.

    Во Министерството велат дека и натаму сите полициски станици, возила и средства за работа редовно се дезинфицираат и дека полицајците носат заштита.

    Вработените со кои двајцата биле во контакт, се изолирани.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира